Португалскиот напаѓач Диого Жота постигна гол во судиското надополнување за победа на Ливерпул против Тотенхем (4-3) во лудото дерби од 34. коло во англиската Премиерлига.
Тотенхем по натпреварот се пожали дека Жота требало да заработи црвен картон во 81. минута, поради тоа што со нога го удри Оливер Скип во глава.
Судијата Пол Тирни му покажа жолт картон на Жота, иако тренерот на Тотенхем, Рајан Мејсон кажа дека тоа бил старт за исклучување.
„Зошто Жота не беше исклучен?! Некој нека ми го објасни тоа. Не можам да ја разберам одлуката на судијата“, кажа Мејсон.