Лестер и Евертон одиграа нерешено 2-2 во интересен дуел меѓу две екипи кои се борат за опстанок во Премиер – лигата. Домаќинот може да жали и за нерелизираниот пенал на крајот на првиот дел.
Доминик Калверт-Луин во 15.минута донесе водство за гостите, а Чаглар Сојунчу и Џејми Варди се погрижија за пресврт уште во првиот дел.
Во последните мигови од првото полувреме Џек Медисон не реализира пенал, откако Џордан Пикфорд го одбрани неговиот удар.
Евертон израмни во второто полувреме со голот на Алекс Ајвоби во 54.минута од натпреварот.