Напаѓачот на Манчестер сити ќе го гледа Светското првенство на телевизија, но и ќе ја искористи паузата во шампионатите да одмори за вториот дел од сезоната во кој го очекува голема битка со „граѓаните“ за титулата во Премиерлигата, но и другите трофеи.
Халанд во разговор за британски „Гол“ кажа дека имал можност да игра за Англија, затоа што е роден во Лидс, но сепак кажа дека се чувствува горд што е Норвежанец и немал дилеми за неговата иднина.
„Роден сум во Англија и живеев таму три ипол години, но во Норвешка поминав повеќе време. Природно за мене беше да ја изберам Норвешка. Јас сум горд Норвежанец и чест ми е да играм за Норвешка“, вели Халанд.
Норвешкото чудо од дете и оваа сезона игра во одлична форма, па на 17 настапи за „граѓаните“ постигна 23 голови и три асистенции во сите натпреварувања.