На социјалните мрежи се појави видео од навивач кој на домашен терен го следеше натпреварот помеѓу Португалија и Турција на кој Роналдо и другарите без многу мака успеаја да извојуваат триумф.
Португалците поведоа со 2:0 со головите на Отавио и Зота, а потоа Бурак Јилмаз им даде надеж на Турците и намали на 2:1.
Бурак можеше да биде херој на мечот и да ја однесе целата игра во друг стрим, но го промаши пеналот!
Во тој момент, навивач од шокантното видео додека Јилмаз изведувал пенал, вперил пиштол во телевизорот – а кога Турчинот го промашил пукал директно во него, односно неговата слика на ТВ.
Телевизорот бил искршен на ситни парчиња, а снимката завршила на социјалните мрежи.