Динамо го победи Вест Хем со 0:1 во шестото коло од Лига Европа и обезбеди европска пролет.
По неделното дерби меѓу Динамо и Хајдук страстите сеуште се зовриени па тоа било причина за конфликт помеѓу Стефан Ристовски од Динамо и Никола Влашиќ од Вест Хем, поранешен играч на Хајдук.
Хрватскиот репрезентативец Влашиќ изјави дека и тој како и сите во Хајдук би сакал да го исфрли Динамо од Лигата на Европа.
Затоа македононскиот репрезентативец Ристовски имаше што да му каже.
Неговиот соиграч Периќ потврди дека по последниот судиски свиреж дошла до вербална расправија помеѓу Ристовски и Влашиќ и малку недостигало да прерасне и во физичка пресметка.
“Не му замерив, мислам дека треба само да се гледаме и да игнорираме што зборуваат другите.Тој и Ристовски се закачија на нешто, но добро е што не прерасна во поголем инцидент“, изјави Периќ, кој додаде дека изјавите на Влашиќ ги мотивирале играчите на Динамо.
Да потсетиме дека и во неделата Ристовски едвај го спречија да направи поголем инцидент а заслужен за тоа беше Јани Атанасов македонскиот интернационалец кој ги брани боите на Хајдук.