Галатасарај од Истанбул со победа од 3-2 на гостувањето кај норвешки Молде направи огромен чекор кон пласман во групната фаза од ЛШ.
Молде поведе со 1-0, но следуваше пресврт со среќниот погодок на Серџо Оливеира од слободен удар и мајсторскиот волеј на Мауро Икарди. Голот на Икарди погледнете го ТУКА. За да не биде 2-2, се погрижи ексиграчот на Розенборг, Фредрик Мидсјо во 94-тата минута по асистенција на Икарди, кој заврши најголем дел од работата. Стрелецот на голот за Галата е Норвежанец, па тоа повеќе ќе ги заболи во Молде.
Макаби Хаифа дома одигра 0-0 со Јанг бојс, па реваншот во Швајцарија е целосно отворен, а домашниот терен го искористи само Брага со минимална победа од 2-1 против Панатинаикос. Гостите од Атина дадоа гол во 95-тата минута и се изборија за поповолна ситуација пред реваншот дома.