Македонскиот голгетер Бојан Миовски продолжи со блескави игри за шкотски Абердин, откако за четири минути го спаси својот клуб од негатива од два разлика на гости кај Хакен со што обезбеди реми 2-2 во првиот меч од плејофот за пласман во Лига Европа. Сега Шкотите се поблизу до пласман во групите во второто по ранг натпреварување во Европа.
Хакен имаше водство од 2-0 до 15 минути пред крајот, кога на сцена стапи нашиот Миовски, прво со прекрасна реализација и го врати Абердин во натпреварот, а три минути потоа со уште подобро завршно додавање му асистираше на Девлин кој израмни и славниот шкотски тим сега е во предност со домашниот терен на реваншот, да обезбди групна фаза со било каква победа за седум дена.
Во судиското надополнување Шкотите дадоа и трет гол, за пресврт, но ВАР го поништи поради офсајд на Миовски.
За Миовски ова е сезонава четврти гол и втора асистенција во сите натпреварувања, а со формата и настапите најавува дека оваа втора сезона во Абердин ќе му биде уште поплодна од ланската кога даде 18 гола.