Вечерва од 18 часот, нашата најдобра репрезентација се среќава со Ерменија во Ереван, а предводник на нашите момци ќе биде Енис Барди. Потврдено е од нашиот табор од Ереван, еден од нашите најдобри фудбалери и член на Леванте, за првпат ќе ја носи капитенската лента на Македонија.
Познато е дека Стефан Ристовски поради картони не може да настапи во Ереван, го нема ни Аријан Адеми поради повреда, па така честа да ја предводи репрезентацијата на Македонија на дуелот со Ерменија му припадна, и тоа апсолутно заслужено, на Енис Барди.
Да кажеме дека Барди своето деби за А- тимот го имаше во март 2015 година, од тогаш има одиграно 40 меча и успеал да постигне 6 голови. Во сиот овој изминат период важи за еден од клучните играчи во нашиот репрезентативен состав.