Германскиот гигант Баерн Минхен беше многу активен во зимскиот преоден рок, на Томас Тухел му се потребни засилувања, а веќе пристигнаа фудбалерот на Галатасарај Саша Боеј, десен бек, како и Ерик Даер, кој е позајмен од Тотенхем. Сепак, тука нема да заврши со трансферите.
До крајот на преодниот рок се очекуваат уште две засилувања, на Германците им останува уште последниот ден за да доведат играчи, а тоа ќе бидат Брајан Сарагоса и Џон Кузи-Асара.
Брајан Сарагоса пристигнува од Гранада за околу 5 милиони евра, се работи за 22-годишен фудбалер кој веќе договорил трансфер во Баерн на лето, но сега клубот ќе го донесе поради големиот број повредени играчи.
Другиот напаѓач е тинејџер кој има само 16 години, тој е Швеѓанец кој е веројатно најголемиот талент на неговата возраст, Џон Кузи-Асара.