Фудбалерите на Јувентус продолжуваат со одличните игри во домашното првенство, откако вечерва без поголеми проблеми како гости го совладаа Лече (3-0).
Ова беше петти триумф по ред за составот од Торино во Серија А, во која се непоразени уште од септември минатата година, кога загубија од Сасуоло (2-4) што им е и единствен меч без бод(ови) сезонава. Јунак во таборот на „бјанконерите“ беше српскиот интернационалец,
Душан Влаховиќ, кој беше стрелец на првите два гола и тоа во период од десетина минути во второто полувреме (59. и 68.). Точка на триумфот стави Бреме со погодок на три минути пред крајот.
Јуве со овој триумф се искачи на врвот од табелата во италијанската елита со 52 бода, еден повеќе од Интер, кој има натпревар помалку.