Ливерпул го совлада Лајпциг со 5-0 на „Ред Бул“ арената на пријателски натпревар, а ѕвезда на вечерта беше Дарвин Нуњез.
Уругваецот влезе во игра во второто полувреме, кога резултатот беше 0-1 за „црвените“ благодарение на голот на Мохамед Салах. Новиот голгетер на Ливерпул беше исмејуван од јавноста откако не се прослави баш на првите два пријателски натпревари, но затоа ги замолкна критичарите со вечерашниот настап.
Тој постигна дури четири голови против Бундеслигашот за да покаже дека не случајно Ливерпул плати 80 милиони евра за неговите услуги и плус 20 милиони во бонуси.