Данскиот велосипедист Јонас Вингегард е пред триумф на „Тур де Франс“ откако денеска славеше на 18.етапа на најпрестижната велосипедска трка.

Данецот денеска финишираше пред својот најголем ривал Тадеј Погачар, но освен импресивната победа тој го воодушеви светот со фантастичниот спортски гест. Тој беше зад Погачар во еден момент, кога Словенецот лошо влезе во еден свиок и падна. Вингегард тука можеше да направи уште поголем предност, но покажа дека е голем џентлмен и го почека својот ривал, па заедно ја продолжија трката, за на крај да стигне прв на целта.

 

Вингегард етапата ја заврши со време од 3:59:50 часа, додека Погачар финишираше втор со повеќе од една минута задоцнување, а трет беше Вут ван Аерт. Во генералниот пласман Данецот има 3 минути и 26 секунди предност пред Погачар.