Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар триумфираше на седмата етапа на Тур д’Франс.

Погачар во последните неколку метри го престигна Леонард Камна и прв мина низ целта на Ла Планш.

Во највозбудливата етапа од почетокот на Трката, на Погачар му беа потребни три часа, педесет и осум минути и четириесет секунди за да ја заврши етапата.

Тој и понатаму е сопственик на „жолтата маичка“ што значи дека е прв во генералниот пласман .

Зад Погачар во генералниот пласман е Јонас Вингегард, додека на третата позиција е сонародникот на Погачар , Примож Роглич.

https://twitter.com/eurosport/status/1545427333670125568?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1545427333670125568%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fpojedinacni%2Fbiciklizam.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D07dd%3D08nav_id%3D2182594