Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Лионел Меси на 30 октомври, ќе ја освои осмата „Златна топка“ во кариерата, објави новинарот Фабрицио Романо.
Романо пред една недела ја пренесе објавата на „Диарио Спорт“ дека Меси е освојувач на престижната награда која ја доделува „Франс Фудбал“, а денеска добил нови потврди дека признанието оди во рацете на аргентинскиот ас.
Меси имаше голема конкуренција од Ерлинг Халанд кој постигна голем број голови и ја освои тројната круна со Манчестер сити.