Кошаркарите на Денвер Нагетс и Феникс Санс со победи ја отворија новата сезона во НБА лигата, во натпреварувачката 2023/2024, беа подобри од Лос Анџелес Лејкерс, односно Голден Стејт Вориорс.

Никола Јокиќ дефинитивно беше човекот кој ги одбележа овие мечеви, но кога се работи за најдобриот потег истиот е дело на летечкиот Гордон кој во соработка со Мареј имаше супер цепелин над Леброн за ерупција на навивачите во „Бол Арена“.