Барселона го победи Шахтјор со 2-1 и со максимални 9 бода од три кола цврсто го држи врвот во својата група од ЛШ, а Феенорд потврди дека е опасен домаќин и победи со 3-1 против Лацио.
Каталонците останаа перфектни сезонава во сите натпреварувања како домаќини на „Монжуик“, а головите на Феран Торес и Фермин Лопес во првото полувреме, беа доволни за триумф над украинскиот првак. Барса првпат прими гол сезонава, и ја продолжи традицијата никогаш да нема три победи во првите три кола од групната фаза без примен гол.
Барселона стана третиот тим по Реал Мадрид и Баерн Минхен со 200 или повеќе победи во Лигата на шампионите, а Барса им се придружи на овие два клуба и како единствени со 9 бода од првите три кола сезонава.
Два гола ѝ беа поништени на екипата на Чави на оваа средба поради офсајд. По првото полувреме, фаворитот обезбеди позитива благодарение на погодоците на Феран Торес и Фермин Лопес. Се играше 62. минута, кога Иракли Азарови ја стресе мрежата на каталонскиот тим, првпат оваа сезона по 242 минути, но тоа беше се од Шахтјор.
Во продолжението од мечот судијата Кружилак не досуди пенал, по игра со рака во казнениот простор од еден од играчите на Шахтјор. Барселона ја продолжува ЛШ повторно со Шахтјор, овој пат на гостински терен, кој во случајов е неутрален поради воениот конфликт во Украина.Ова е голот на Фермин, кој стана петти најмлад стрелец за Барса на својот прв меч како стартер: