Пред еден месец Македонија направи чудо и славеше против Италија во плеј-офот за пласман на Мундијалот во Катар.
Домаќин на нашите фудбалер беше Палермо, поточно стадионот „Ренцо Барбера“. Трибините беа полни, благодарение на ангажманот на првите луѓе на Италијанската фудбалска федерација, кои инсистираа на максимална поддршка за европскиот првак. Деновите италијанските медиуми пишуваат дека дел од приходите собрани од оваа средба ќе завршат во болницата „Bambino Gesù“ во Рим. Таму се сместуваат бегалци од Украина, меѓу кои има голем број на деца.
Александар Трајковски беше стрелец на единствениот погодок со кој македонската репрезентација запиша историска победа.