Ралф Рангник е привремен менаџер на Манчестер Јунајтед се додека тимот не го преземе Ерик тен Хаг во текот на летото. Рангник потоа ќе остане во клубот како спортски директор. Тимот веќе се крои за следната сезона, откако одамна се знае дека оваа ќе заврши разочарувачки и без трофеј.
Јунајтед подготвува комплетно преуредување за летото, изјави Рангник во интервју за Sky Sports: „Секако дека е важно да се знае кој ќе биде новиот тренер за да започнеме да ангажираме нови играчи. Да се најдат играчи кои се најдобри за нас има само смисла. ако знаеме кој ќе биде тренер и како сака да игра.
Сепак, има неколку играчи кои сакаме да ги доведеме без разлика кој ќе ни биде тренер и каков е неговиот стил на игра. Бараме играчи чиј статус одговара на клуб како Манчестер Јунајтед. Веќе ги именував тие играчи“.
Рангник тогаш најави револуција во Јунајтед: “Не ни е доволно да донесеме тројца или четворица играчи. Ќе има уште многу бидејќи на многу играчи им истекоа договорите и тие си заминуваат. Што се однесува до доаѓањата, треба да ги засилиме сите позиции на тимот освен голманот“.