Харклроуд во 2008 година се соблече за „Плејбој“ додека се рехабилитираше од повреда, една година пред привремено да прекине со тенисот поради мајчинство, а во 2010 година се врати на терените, играше до 2012 по што стави точка на својата тениска кариера.
„Кога дојде понудата, три недели размислував и прифатив, зошто да не, убаво е да се покаже телото на една спортистка, а јас на моето сум горда“, рече тогаш Ешли откако се разголе за машкиот магазин.
Но, во последно време направи чекор понапред, па сѐ почестите разголувања на Инстаграм ги замени со комплетно разголување на „Онли Фанс“, каде заработува за голотијата, а на истата платформа сега почна да објавува и порно. Го снимила првото видео, кое е достапно за нејзините следбеници, кои плаќаат за да ја гледаат.
„Штом моите фанови може да платат пет-десет долари за да видат една фотографија, колку далеку може да одам? Па еве за почеток едно домашно видео, прва моја порно снимка со партнерот“, објавила Ешли.