Заморот треба да е проблем за Ѓоковиќ – на терен помина најмногу време од сите полуфиналисти на завршниот Мастерс. Денес во Торино ќе се одиграат полуфиналните натпревари а Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со Карлос Алкараз, Јаник Синер со Данил Медведев.
Иако групната фаза ја заврши на второто место, главен фаворит за титулата е сепак најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ, но иако тој не играше вчера, за разлика од неговиот ривал Алкараз, против себе може да го има и заморот. Србинот е единствен што на овој турнир одигра максимални девет сета, а со тоа, помина и најмногу време на теренот.
Вкупно, тоа изнесува 8 часа и 23 минути, речиси двојно од, на пример, Медведев кој играше само 4 часа и 40 минути, а вчерашниот дуел против Алкараз го загуби за 81 минута. Втор на оваа листа е Синер кој играше три сета во два од трите меча и на терен помина 7 часа и 8 минути, додека кај Алкараз тоа изнесува 5 часа и 10 минути при што Шпанецот најмногу се измачи против Зверев кога загуби за 2 часа и 34 минути. Останатите два негови меча вкупно траеја две минути повеќе од тој натпревар.
Токму тоа што не играше вчера може да биде позитивна околност за Ѓоковиќ бидејќи имаше доволно време за одмор на телото и подготовка за дуелот со својот најголем предизвикувач во моментов.