Кошаркарот на Барселона, Најџел Хејс-Дејвис е позитивен на коронавирус.

Веста за позитивниот тест на кошаркарите на Барселона доаѓа само два дена по нивниот меч со Црвена звезда во Белград, а таму тој се сликаше со најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, кој таа вечер беше во Пионир. .

Во исто време беа направени тестови на комплетниот состав на Барселона и сите останати беа негативни. Најџел Хејс-Дејвис останува во изолација.