Црвена звезда скапо го плати ремито со Радник (1:1) кое се одигра во понеделникот, бидејќи по натпреварот дојде до жесток конфликт меѓу тренерот и капитенот.
Имено, Дејан Станковиќ жестоко ги критикувал своите фудбалери и не одбирал зборови.
Во еден момент претерал, па капитенот Милан Борјан станал и побарал од Станковиќ да не зборува така за тимот:
– Ти си најголемото ѓубре што било во Звезда – му се обратил Станковиќ на Борјан.
Секако, тоа влијаело на продлабочувањето на конфликтот, па паднале тешки навреди. Потоа Станковиќ се залетал кон Борјан и го фатил за врат но другите брзо реагирале и спречиле ескалација на инцидентот,
Атмосферата меѓу тренерот и играчите не е баш најдобра. Сето тоа изненадува, бидејќи црвено-белите забележаа одлични резултати во Европа, но имаа и неколку кикса во домашниот шампионат, а тоа не би требало да виде причина работите да тргнат во ваков правец.
За среќа на Звезда, сега има пауза во првенството и имаат повеќе од доволно време да се консолидираат и да ја вратат атмосферата која ги доведе до големи успеси. Веројатно ќе има многу промени за повторно да се врати добрата атмосфера во клубот.