Александер Зверев со 3-1 во сетови (6-1, 6-3, 6-7 и 6-4) го победи Карлос Алкараз и обезбеди пласман во полуфинале на Австралија Опен.
Алкараз беше втор носител на грен-слем турнирот и голем фаворит против Зверев, но во Мелбурн денеска не се одвиваше се како што тој посакуваше.
Зверев одигра перфектно, играше моќно во најголем дел од дуелот и заслужено го совлада шпанскиот тенисер.
Германскиот тенисер почна фуриозно, го доби првиот сет со 6-1, вториот со 6-3 и поведе со 2-0 во сетови.
Интересно беше во третиот сет кога при водство од 5-3, Зверев сервираше за меч, тогаш Алкараз се крена, направи брејк, а потоа во тајбрејк беше подобар со 7-2 и успеа да намали на 2-1 во сетови.
Откако се врати во игра, се очекуваше да продолжи неговиот подем во дуелот, но Зверев покажа дека не беше случајно добар во претходниот дел од мечот, го доби четвртиот сет со 6-4 и славеше со 3-1.
Во полуфиналето Зверев ќе игра против Данил Медведев кој претходно го совлада Хуркач. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Ѓоковиќ и Синер.