Јастремска со ова стана само втората квалификантка во историјата на првиот гренслем во годината која стигнала до полуфиналната пресметка, а прва по веќе далечната 1978 година. Дуелот со чехињата Носкова траеше само еден час и 20 минути, а триумфот е уште посензационален ако се знае дека нејзината противничка претходно на турнирот ја нокаутира подолго време најдобрата во светот, Ига Швјонтек.
Носкова прва стигна до брејк, но следуваше пресврт, па и водство за Украинката, која во седмиот гем направи и клучна разлика во вториот сет. Јастремска во полуфиналето на Австралија опен ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Кинеската Кинвен Женг и Русинката Ана Калинскаја. На другата страна од ждрепката за место во финалето ќе се сретнат Арина Сабаленка и Коко Гоф.