Српскиот тенисер Ѓоковиќ експресно се пласира во четвртфинале на АО, каде ќе оди на дуел со Рубљов.
Разиграниот Новак Ѓоковиќ, го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 6-2, 6-1, 6-2 за малку повеќе од два часа игра.
Србинот сигурно маршира кон својата десетта титула во Мелбурн, а 22-ри гренслем-трофеј во кариерата.
Пресметката со Русинот Рубљов би требало да биде потежок испит за фаворитот отколку евентуалното полуфинале со еден од Американците Бен Шелтон или Томи Пол.
Тој посочи дека сака да го освои Австралија опен и така да испише историја, а воедно и да се израмни со Рафаел Надал по број на гренслем-титули.