Карлос Алкарас беше подобар од првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со 4-6, 6-4, 6-4 на егзибицискиот меч кој се одигра во Саудиска Арабија и најави интересни битки помеѓу нив во претстојната 2024 година.
Србинот го доби првиот сет, потоа Шпанецот беше подобар во вториот, а и третиот сет беше интересен, Алкарас водеше со 3-1, Новак израмни на 3-3, но на крајот сепак помладиот тенисер извојува победа.