Светскот клупски шампион, Манчестер Сити им се врати на победите и во Премиер лигата.
На гостувањето кај Евертон, Сити славеше со 3-1 и тоа е само втор триумф за оваа екипа во последните шест кола. Со него го задржа чекорот со водечките екипи, а до победата стигна благодарение на пресвртот во второто полувреме.
Херисон го донесе Евертон во водство во 29. минута за во вториот дел да погодат Фоден, Алварез од пенал и Бернардо Силва. Манчестер Сити беше апсолутно подобар противник и можеше да слави дури и поубедливо на овој меч.
Челси се изнамачи против Кристал Палас, но на крајот победи со 2-1. Мудрик го отвори резултатот по 12 минути игра, во судиското продолжение од првото полувреме израмни Олисе, а Мадуеке од пенал во 89. минута му донесе три бода на Челси.