Новак Ѓоковиќ по голема борба и три сета го совлада Гркот Стефанос Циципас со 2-1 во сетови, односно 6-2, 3-6 и 7-6 и се пласира во финале на Мастерсот во Париз.
Првиот сет почна мирно без брејк топки на двете страни во првите пет гема, по што Ѓоковиќ го направи првиот чекор и освои брејк за водство од 4-2, а потоа уште еден за да го добие сетот со 6-2.
Идентична ситуација беше забележана и во вториот сет, каде што мирно беше до четвртиот гем, по што Циципас направи брејк за 3-2, а потоа уште еден за 6-3 и така израмни на 1-1 во сетови.
Големата битка продолжи во третиот сет, каде што Ѓоковиќ најпрво не искористи две брејки шанси во третиот гем, а потоа уште две во деветтиот гем, па победникот мораше да се решава во тај-брејкот.
Циципас направи мал чекор кон победа со мини-брејк за водство од 4-3, по што следеа два негови сервиси, но истите ги загуби и му дозволи на Ѓоковиќ со пресврт да слави со 7-4.
Најдобриот српски тенисер ќе се бори за титула против талентираниот Холгер Руне, кој во полуфиналето беше подобар од Феликс Оже-Алиасим со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2.