Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по епска битка загуби од светскиот рекет број еден Синер, во Саудиска Арабија

Србинот го возврати ударот во вториот сет и поведе со 2-0, но потоа Синер се врати во игра (2-2). Следеше возбудлива игра во продолжение, при што победникот се решаваше во тај-брејк каде што Ѓоковиќ беше подобар со 7-0.

Во третиот сет беа забележани голем број брејкови на двете страни, но Синер направи еден повеќе и со тоа стигна до триумф од 6-4.

Синер во финалето ќе игра против Карлос Алкараз кој го победи Рафа Надал со 2-0 во сетови, 6-3 и 6-3.