Италијанскиот тенисер Јаник Синер го прегази Русинот Данил Медведев со 2-0 во сетови,  6-0 и 6-3 на турнирот „Шесте кралеви“ во Саудиска Арабија.

Синер беше незапирлив во првиот сет и направи дури три брејка и го освои сетот со убедливи 6-0, а со одлична игра продолжи и во вториот сет каде што реализира два брејка и славеше со 6-3.

Првиот тенисер на АТП-листата во полуфинале на „Шесте кралеви“ ќе игра против Новак Ѓоковиќ, кого го совлада пред неколку дена во финалето на мастерсот во Шангај.