Одличната млада хрватска тенисерка Петра Марчинко ја продолжува годината од соништата. По јуниорскиот Австралија опен, Марчинко ја понесе првата сениорска титула во кариерата .
По освојувањето на јуниорското првенство на Австралија, младата хрватска тенисерка Петра Марчинко ја продолжи 2022 година од соништата и веднаш ја освои својата прва сениорска титула.
Одличната јуниорка во Анталија нанижа три играчи од Топ 300 во светот, а во финалето ја декласираше Французинката Карол Моне, 279. тенисерка во светот.
Марчинко доминираше, го зеде првиот сет со 6:4 , со еден направен брејк , а потоа во вториот сет ја разби ривалката и дојде до титулата со 6:1!
ИТФ Анталија, финале:
Петра Марчинко (Хрватска, СП) – Карол Моне (Франција) 6: 4, 6: 1