Одличната млада хрватска тенисерка Петра Марчинко втора недела по ред го освои ИТФ турнирот во Анталија и ја продолжи нереалната серија со три титули по ред .
Како и Рафаел Надал и Петра Марчинко се уште не знае како е да се изгуби во 2022 година! Одличната хрватска тинејџерка во Анталија, Турција, ја освои втората ИТФ титула во кариерата, а трета титула во низа со јуниорскиот Австралија опен!
Марчинко на тој начин ја продолжи победничката серија која се протега на 22 победи, а во финалето беше подобра од 21-годишната Италијанка Елизабета Кокиарето, некогаш 108-та играчка во светот.
Против Италијанката ,Марчинко работата ја заврши само со пресврт во три сета. Во првиот Кокиарето беше убедлива со 6:1.
Но, Марчинко го доби во вториот сет со 6:4, а во третиот сет Италијанката имаше брејк предност на почетокот. Хрватската тенисерка го сврте сетот и дојде до 6:4 и победа.
Марчинко со тоа целосно доминира на почетокот на сезоната во јуниорска и ИТФ конкуренција и со нетрпение очекуваме што носи иднината за големата млада хрватска надеж.
ИТФ Анталија, финале:
Петра Марчинко (Хрватска) – Елизабета Кокиарето (Италија) 1: 6, 6: 4, 6: 4