Македонската тенисерка број еден, Лина Ѓорческа не успеа да стигне до финалето на многу силниот турнир во Португалија кој се игра за награден фонд од 100.000 долари откако загуби од Французинката, Кристина Младеновиќ.
Ѓорческа во одлична форма го играше турнирот во Португалија, победуваше тенисерки подобро рангирани од неа, но денеска пред неа се испречи Младеновиќ.
Французинката го доби мечот во два сета по голема борба, првиот со 6-4, вториот со 7-5.
Пласманот во полуфиналето на овој турнир, на Ѓорческа ќе и донесе напредок на ВТА листата.