Во второто возење на велеслаломот во Крањска Гора дојде до промена на врвот. Хенрик Крисотферсен од првото место го собори Марк Одермат .
Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен одлично се снајде во второто возење на велеслаломот во Крањска Гора. Норвежанецот скокна од третото место на првото , по најдоброто време од второто возење.
Тој имаше вкупно време од 2:18.13, за 23 стотинки подобро од Стефан Бренштајнер од Австрија. Швајцарецот Марко Одермат, кој беше лидер по првото возење, заврши на третото место во поредокот.
Воглавно Одермат имаше одлично второ возење, имаше уште 16 стотинки предност на последната мерна контрола, но потоа погреши и влезе во целта со 27 стотинки заостанување.
Добра работа во второто возење заврши Лукас Браатен кој од седмото скокна на четвртото, а петти беше Александар Шмид кој имашше лошо второто возење и падна на 14.место на крајот од второто место по првото возење.
Одермат и натаму е прв во поредокот за велеслалом и е на 620 со овие 60 бодови, а се приближи Кристоферсен кој е на 453 поени. Мануел Фелер е трет со 326.