Најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ денес ја почнува 395. недела како лидер на АТП листата.
На Србинот му бришат 500 бода поради тоа што не учествува на турнирот во Астана, но и натаму предноста во однос на второпласираниот Карлос Алкараз е исклучително висока. Во моментов, таа изнесува 2.240 бода иако Ѓоковиќ не се појавил на теренот откако минатиот месец триумфираше на УС Опен.
Алкараз имаше две шанси да се доближи до Ѓоковиќ, но на турнирите во Пекинг и Шангај освои вкупно 270 бода. И натаму е со можност да ја заврши годината како лидер, но повеќе не се дозволени киксови и мора да ги освои титулите во Базел, Париз и Торино каде брани 360 бода, а може да освои 3.000, додека Ѓоковиќ ќе игра на последните два и таму ги брани титулите освоени лани.