Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше победа против ветеранот Рафаел Надал со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-3 и обезбеди пласман во финале на турнирот во Ријад наречен „Шесте кралеви“.
Алкараз го почна мечот со брејк на противнички сервис (1-0), а Надал го загуби уште еднаш својот сервис до крајот на првиот сет (6-3).
Надал не создаде ниту една брејк шанса во вториот сет, додека Алкараз му го одзема сервисот во четвртиот гем (3-1), по што сервираше без проблеми за триумф од 6-3.
Алкараз во финале ќе се бори против Јаник Синер, кој претходно беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови.