Ешли Барти го шокираше тенискиот свет со одлуката да стави крај на својата професионална кариера.
Како кралица на светскиот тенис, со само 25 години и со освоената титула во Мелбурн, изненади многумина и на тој начин им ја отвори вратата на некои други играчи дека наскоро ќе ја наследат на тронот.
Девојката од Бризбејн најави дека ќе „брка други соништа“, иако не прецизира кои.
Се споменува можноста за нејзино враќање на крикетот, па дури и на голфот, иако се чини дека тоа не ја затвори целосно вратата за нејзиното враќање на тенисот.
“Јас велам, никогаш не вели никогаш. Сега би рекла дека вратата е затворена, но не е заклучена. Јас сум од оние кои никогаш не велат никогаш, никогаш. Меѓутоа, сега преовладува тоа чувство на затворена врата. Чувствувам дека јас дадов сè за овој спорт но знам дека тенисот секогаш ќе биде огромен дел од мојот живот, ќе можам да придонесам на други начини, таа врска со тенисот секогаш ќе ја има“, изјави Барти.
На прашањето кои се нејзините планови во блиска иднина, таа кратко одговори: „Трпението е доблест“.
Таа наскоро очекува венчавка со долгогодишниот партнер Гери Кисик, но за плановите не можеше да каже ништо поконкретно.
„Не, засега нема ништо, да бидам искрена. Затоа беше важно да имам можност да го пуштам тоа видео во средата и да кажам сè со мои зборови, а потоа да имам можност да разговарам со сите за тоа бидејќи нема што да кријам. Ова е одлука што ја донесов како било кој на овој свет и гледам што ќе правам следно. И мислам дека тоа ќе биде возбудливо поглавје“.
Секако, ја прашаа дали може да се испроба во некој друг спорт.
“Видов навистина интересни фотошоп варијанти од себе. Познавам многу спортисти од други спортови кои веќе ми се јавија да ме поддржат, што беше одлично. Сепак, кој знае што е следно, ќе видиме”, рече таа.
Се чини дека голфот не е опција во професионална смисла.
„Го сакам голфот како хоби. За мене тоа е релаксација. Тоа е веројатно единствениот спорт во кој го немам тоа супер натпреварувачко чувство. Се опуштам во него. И не е важно колку играм, тоа е три, четири или пет часа .Исто така уживам и во пешачење со пријателите . Тоа ми се допаѓа најмногу“, заклучи Барти.