Сите четири азиски претставници на Мундијалот во Катар се познати откако Јапонија и Саудиска Арабија ги освоија местата, што значи дека на турнирот досега знаеме вкупно 17 учесници .
Јапонските фудбалери со победата од 2:0 над Австралија во Сиднеј обезбедија директен пласман на Светското првенство што на крајот на годината ќе се одржи во Катар , а со овој резултат и Саудиска Арабија стана директен учесник на Светското првенство.

Во пресрет на 9. коло од групата Б во Сиднеј, Јапонија имаше три бода повеќе од Австралија и практично обезбеди едно од првите две места кои водат директно на Светското првенство, но Јапонците не играа за бод туку беа многу поактивни и подобри ривали отколку нивните домаќини.

Сепак, поради многубројните промашувања на одличните можности на Јапонците, кои двапати ја тресеа рамката од голот во првото полувреме, до 89. минута резултатот беше 0:0. Тогаш играчот од клупата , Митома конечно ја круниса подобрата игра на Јапонија и со гол ја заврши одличната акција на својот тим, а во четвртата минута од судиското обештетување истиот играч го постави конечниот резултат по големата грешка на австралискиот голман Рајан.

Со оваа победа Јапонија стигна до врвот во групата со 21 бод, два повеќе од втората Саудиска Арабија која од 16 часот гостува во Кина, додека на третата Австралија и бегаат недостижни шест бода.

Јапонија и Саудиска Арабија на тој начин ги обезбедија првите две места во групата што води директно во Катар, додека Австралија ќе биде трета во групата и оди во дополнителните квалификации, прво против третопласираната селекција од групата А, а во случај на победа против петтопласираната екипа од Јужна Америка.

Претходно директен пласман од групата А обезбедија Иран и Јужна Кореја, па сега се познати сите пет азиски претставници на овогодинешното Светско првенство.

Сега е познато дека 17 репрезентации ќе играат во Катар од 21 ноември до 18 декември, уште порано покрај домаќинот Катар се пласираа Германија, Данска, Бразил, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија, Холандија и Аргентина.

https://www.youtube.com/watch?v=dQG4Jb-zU74