Лондончани кои се стационирале по баровите во центарот на Лил во еден момент почнале да фрлаат со шишиња, а некои непотврдени информации дури посочуваат дека полицијата го испровоцирала инцидентот после скандирања на името на рускиот олигарх Роман Абрамович, во чија ера „сините станаа“ европски великан.
Од полицијата, пак, велат дека почнале со интервенција поради нарушување на јавниот ред и мир и недолично однесување на англиските навивачи во еден бар, по што хулиганите тргнале во пресметка со полицијата.