Се одиграа првите четири натпревари од осминафиналето на Индијан Велс,а во центарот на вниманието беше Рафаел Надал, кој се пласираше во четвртфиналето .
Натпреварот со еден брејк одиграа Григор Димитров и Џон Иснер. Бугаринот на крајот славеше во два сета и така се пласираше во четвртфиналето. И Иснер и Димитров паметат подобри периоди во кариерата, па им беше важно да победат овде, бидејќи не е мала работа да се стигне до четвртфиналето на Индијан Велс. На крајот сепак Димитров беше тој кој дојде до победа.
Најдобриот турнир во кариерата го игра Миомир Кецмановиќ. Тој се пласираше во четвртфиналето со победата против шестиот носител Матео Беретини.
Драматичен меч одиграа Тејлор Фриц и Алекс Де Минаур. Фриц ја однесе победата во три сета, победувајќи со 7-5 во тај-брејкот од третиот сет. Единствениот мини брејк во третиот сет дојде на 6:5 на сервисот на Де Минаур за останување во мечот.
Големата битка водеше Рафаел Надал со Рајли Опелка. Надал славеше во два тај-брејка по два часа и 15 минути игра. Во вториот сет Опелка имаше брејк предност, но на 4:3 Надал се врати и го контролираше мечот до самиот крај.
Индијан Велс, осминафинале:
Григор Димитров (Бугарија, 33) – Џон Иснер (САД, 23) 6: 3, 7: 6 (6)
Миомир Кецмановиќ (Србија) – Матео Беретини (Италија, 6) 6: 3, 6: 7 (5), 6 : 4
Тејлор Фриц (САД, 20) – Алекс Де Минаур (Австралија, 29) 3: 6, 6: 4, 7: 6 (5)
Рафаел Надал (Шпанија, 4) – Рајли Опелка (САД, 17) 7: 6 (3), 7: 6 (5)