После министерот за надворешни работи на Австралија се огласи и премиерот на оваа земја Скот Морисон кој се закани дека Новак Ѓоковиќ може да биде вратен од граница доколку не достави соодветни докази поради кои не може да се вакцинира.
Новак вчера објави дека добил ослободување за да може да учествува на Австралија опен, што му го одобрила стручната комисија.
Премиерот на Австралија изјави дека Ѓоковиќ нема да може да влезе во оваа земја доколку нема соодветна причина за изземање.
„Кој сака да влезе во Австралија мора да ги исполни нашите барања. Кога Новак Ѓоковиќ ќе пристигне во Австралија, доколку не е вакциниран, тој мора да покаже прифатливи докази дека не смее да се вакцинира од медицински причини, за да ги има истите аранжмани за патување како целосно вакцинирани патници“, истакна Морисон, додавајќи:
„Го чекаме да се појави и да видиме какви докази ќе ни достави. Доколку тие докази не се доволни, нема да се однесуваме поинаку и со следниот авион ќе биде вратен дома. Не треба да има посебни мерки за Новак Ѓоковиќ.Ни за кој било друг.“ јасен беше премиерот.