Шесткратниот Грен слем победник и еден од најдобрите тенисери во историјата, легендарниот Германец Борис Бекер минатата недела беше осуден на две и пол години затвор. Германецот беше осуден за обид да сокрие пари и други вредни предмети во вредност од 2,5 милиони фунти во стечајна постапка со намера да избегне плаќање долгови.
Германскиот Билд изнесе детали кои ги опишуваат условите што го пречекаа прославениот тенисер во првите денови од затворот. Откако бил сместен во злогласниот лондонски затвор Вандсворт, го сместиле во ќелија која ќе мора сам да ја исчисти. Неговиот ден започнува помеѓу 7 и 8 часот наутро и завршува во 8 навечер, кога си легнува.
Во текот на првата недела се прават формалности и документација, како и запознавање на затворениците со правилата на затворот. Тука Бекер ќе дознае дали може да работи некоја работа, како работи мензата и во кое време може да го користи фитнес центарот.
Билд додава дека затворениците кога ќе пристигнат добиваат кревет, ќебиња и перници, пластична чинија, чаша, како и комплет затворска гардероба. Вклучува три или четири пара чорапи, три или четири парчиња долна облека, два пара шорцеви и три или четири маици. Се менува еднаш неделно. Бекер моментално е сам во собата, но Дејли Мејл пишува дека наскоро ќе добие цимери. Со нив ќе треба да договорат чистење соби, што не е лесно бидејќи затворениците не добиваат никакви средства за чистење.
Сепак, ситуацијата наскоро ќе биде полесна за Бекер. Причината е фактот што неговите постапки немале насилен карактер, па поранешниот тенисер по неколку недели ќе биде префрлен во затвор со слаба безбедност. На новата локација треба да помине само девет месеци, а остатокот од казната во домашен притвор со електрична алка околу ногата.
Бекер во кариерата заработи 25 милиони долари (и тоа само од заработка од турнири, без спонзорски договори), но прогласи банкрот пред неколку години. Бекер не платил заем од три милиони фунти за имот во Шпанија, а на доверителите им должи дури 50 милиони фунти. Тој, наводно, бил осуден по четири точки, а ослободен од останатите.