Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски, се пласира во полуфиналето на Светското првенство (СП) во кикбокс во Португалија. Денеска Илиоски лесно и убедливо го совлада Алберт Угринчиќ (БиХ) со 3-0 во категоријата до 86 килограми во дисциплината лоу-кик.
Тоаа значи дека актуелниот европски шампион обезбеди најмалку бронзен медал на собирот на најдобрите во светот, а за пласман во големото финале ќе ги одмери силите со Елјан Алкишиев од Азербејџан.
Денеска на СП настап ќе има и Климент Грозданоски, додека Андреа Костовска беше поразена на стартот од Унгарката Фани Лаура Ковач 0-3.