Горан Пандев уште еднаш ја покажа својата големина. Покрај тоа што е најдобриот фудбалер на Македонија, но не е повеќе дел од репрезентацијата, сепак, тој и понатаму е со своите поранешни соиграчи но и со цела Македонија, која денеска со мислите и срцата е во Палермо. Таму го играме бараж полуфиналниот дуел со Италија за пласман на Мундијалот во Катар, а Горан Гранде Пандев преку социјалните мрежи испрати уште една порака со поддршка за Македонија.

„Напред момци македонци“… напиша Пандев посакувајќи успех, уште еден во низа по пласманот на европското првенство минатата година.