Милан на најдобар можен начин го искористи киксот на својот градски ривал Интер, и со трите бода вечерва кај Каљари ита кон титулата во Серија А. Вечерва Милан со 0:1 славеше на гости, и тоа со голот на Бенасер во 60.минута. Домашните во 90.минута ја погодија пречката на гостите од Милано.

Па така сега Милан има 66 бодови од 30 натпревари, Наполи има 63 бода во исто толку одиграни натпревари, додека Интер, актуелниот шампион, има само 60 бода од 29 мечеви.

Сепак се чини дека до самиот финиш на сезоната овие три екипи ќе се борат за титулата, иако реално тимот од „Сан Сиро“ е во предност.