Поранешниот француски шампион Лил го изненади Стразбур со 1-0 во 34. коло и му направи проблем во битката за место во Лигата на шампиони (ЛШ).
Натпреварот беше израмнет, па и двете екипи имаа по 11 удари кон противничкиот гол, но мечот го реши Зеки Челик во 87. минута, кога погоди за конечни 1-0.
Лил со оваа победа се искачи до деветтата позиција и сега има 51 бод, односно пет помалку од Стразбур, кој е шестопласиран.