Репрезентацијата на Србија со 0-4 загуби во пријателски натпревар против Русија, додека Црна Гора со 2-0 беше подобра од Белорусија.
Клучниот момент на дуелот во Москва се случи во 21. минута кога Гајиќ направи прекршок за пенал и доби директен црвен картон, а Србија остана со фудбалер помалку. Најстрогата казна ја реализираше Антон Миранчук за водство на Русија од 1-0.
Десет минути подоцна Осипенко зголеми на 2-0, со тој резултат се замина на одморот.
По десет минути игра во второто полувреме Алексеј Миранчук зголеми на 3-0, а во судиското продолжение од мечот Сергеев ги постави конечните 4-0.
Црна Гора која наскоро ќе игра против Македонија, ја совлада Белорусија со 2-0 со голови на Марушиќ и Крстовиќ во првото полувреме.