Со триминутен блицкриг Украинците стигнаа до победа, па Европското првенство останува само сон за БиХ.
Иако беше многу блиску до пласман во финалето од квалификациите за пласман на континенталниот шампионат, БиХ вечерва загуби на домашен терен од Украина со 1-2. До 85. минута, селекцијата на БиХ имаше водство од 1-0, благодарение на автоголот на Матвиенко, а потоа, во период од само три минути Украина постигна два гола за пресврт и пресметка со Исланд.
Клучен момент беше влегувањето во игра на Јаремчук во 81. минута. Во 85. минута тој го израмни резултатот по првата сериозна акција на Украина, а потоа му асистираше на Довбик за комплетирање на пресвртот.
РЕЗУЛТАТИ
Грузија – Луксембург 2-0
БиХ – Украина 1-2
Грција – Казахстан 5-0
Израел – Исланд 1-4
Полска – Естонија 5-1
Велс – Финска 4-1