Актуелниот првак Шкендија оствари лесна и убедлива победа (3-0) на домашен терен против Борец. Љупчо Дориев во петтата минута донесе предност, Синдрит Гури од пенал зголеми на 2-0 во 12.минута, а потоа уште еднаш се запиша меѓу стрелците во 39.минута.

Брегалница ја победи Струга ТЛ со 1-0. Триумфот го донесе доскорешниот играч на Струга , Марјан Алтипармаковски кој уште во петтата минута го постигна победничкиот погодок.

Македонија ЃП извлече бод во Ѓорче Петров против Ренова играјќи 1-1. Ермедин Адем од пенал стрелаше во 87.минута за израмнување откако Виктор Серафимовски донесе предност за „гипсарите“ во 56.минута.

Скопје и Академија Пандев ремизираа без голови на Автокоманда, а Христијан Кировски во 63.минута ја имаше најубавата шанса на мечот, но не успеа да донесе водство за домаќинот.

Во Битола, Пелистер и Тиквеш исто така многу повеќе внимаваа на својата мрежа и не постигнаа гол.

Утре колото го заокружуваат Шкупи и Работнички во дерби – мечот на Чаир.

ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ 3-0 ( Дориев 5 , Гури 12 , 39 )

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА 1-1 (Aдем 87 ; Серафимовски 56 )

СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0

БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-0 (Алтипармаковски 5 )

ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0-0

УТРЕ: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ