Реал Мадрид беше во неволја во Севиља, домаќинот за кратко време стигна до два гола предност , но гостите сепак направија фантастичен пресврт и дојдоа до победа на тешкото гостување .
Реал Мадрид беше во големи проблеми по првото полувреме во Севиља. Домаќинот водеше со 2:0, Реал не изгледаше добро и се невестувеше дека е блиску до пораз.
Ракитиќ погоди од слободен удар во 21. минута откако Милитао излезе од живиот ѕид, оставајќи голема дупка низ која топката помина и заврши во мрежата.
Само четири минути подоцна веќе бее 2-0, Корона се проби добро, на крајот топката дојде до Ламела кој погоди за зголемување на водството.
Сепак, второто полувреме донесе поинаква слика. Реал полека растеше, а Севиља падна и дојде до целосен пресврт.
Веднаш на почетокот на вториот дел, Родриго намали на 2-1 по асистенција на Карвахал и повторно го отвори натпреварот.
Во 74. минута Реал постигна гол преку Винисиус, но по прегледот на ВАР голот не беше признат поради играње со рака на Винисиус, иако и по прегледувањето на видеото се чини дека тој играше со рамо.
Во 82. минута Начо погоди за 2:2 по новата асистенција на Карвахал и со тоа го врати Реал во игра.
Во судиското надополнување притисокот му се исплатеше на Реал. Винисиус со пета го проифра Родриго кој испрати повратна топка кон Бензема , а тој не погреши и погоди за пресврт!
https://www.youtube.com/watch?v=MpZSVyVzZCM
Мадриѓаните на тој начин стигнаа до победа која целосно ги приближува до титулата шпански првак, додека Севиља дефинитивно е надвор од таа трка.